Top Sport

Ренова ја стартуваше фудбалската пролет со победа кај Брегалница

Ренова стигна до 2:1 победа на гостувањето кај Брегалница во првиот меч од 19. коло во македонската Прва лига, односно првото коло на пролетниот дел од сезоната.

Гостите поведоа со автоголот на Денковски во 16. минута, и го удвоија водството преку Виктор Серафимовски во 52. минута од мечот, пред Милан Ѓокиќ да ги постави конечните 2:1 само седум минути подоцна.

Ренова сега е четврта на табелата во некомплетното коло со 30 поени, додека Брегалница паднаа на петтото место со 29 поени.

Фото: ФК Ренова

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top