Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Андер Ерера сериозно ја размислува богатата понуда за тригодишен договор со Пари Сен-Жермен откако неговиот договор ќе заврши ова лето, тврди „ЕСПН“.
29-годишниот Шпанец одбива да го потпише понудениот договор од Јунајтед кој е на маса од минатата година, иако стана популарен кај навивачите, но и кај соиграчите. Ерера дојде на „Олд Трафорд“ од Атлетик Билбао летото 2014 година.
Според „ЕСПН“ помеѓу понуденото од Јунајтед и бараното зголемување на платата на Ерера има огромна разлика, што е главниот проблем за склучување на договор. Во ПСЖ пак, Ерера би бил совршена замена за „отпадникот“ Адриен Рабио.