Top Sport

Јунајтед се пофалија со Алекс Телес

Манчестер јунајтед го потврдија доаѓањето на бразилскиот бек Алекс Телес од Порто на четиригодишен договор за околу 17 милиони фунти.

27-годишниот Телес ги помина медицинските тестови во понеделникот, откако „ѓаволите“ конечно се договорија со Порто за сумата која треба да ја платат, а Телес чекаше лет за Бразил за да се приклучи на репрезентацијата. Јунајтед прво понудија 12 милиони фунти бидејќи тој влегуваше во последната сезона од неговиот договор, но Порто ги одби.

„Да се пристигне во клуб со престиж како Манчестер јунајтед е голема чест за мене. Во овој момент во мојата кариера можам да ветам дека ќе го дадам максимумот за да постигнеме успеси. Менаџерот има јасен план за иднината и едвај чекам да го облечам славниот дрес“, вели Телес.

Пристигнувањето на Телес ќе значи конкуренција за Лук Шо на позицијата лев бек, но и би требало да помогне во нападот на Јунајтед, бидејќи Бразилецот има 13 гола и 12 асистенции во 49 настапи за Порто минатата сезона.

Scroll to Top