Манчестер јунајтед се врати на второто место на табелата во Премиер лигата, откако на „Олд Трафорд“ со 3:1 ги совладаа Њукасл, иако не беше толку лесно колку што покажува резултатот.
Маркус Рашфорд им донесе водство на „ѓаволите“ во 30-тата минута по убав соло продор, но само шест минути подоцна, капитенот Хери Мегвајр му ја подари топката на Алан Сен-Максиман, кој со убав гол го совлада Давид де Хеа.
Велшанецот Дејвид Џејмс, кој доби редок старт во Премиер лигата под Оле Гунар Солскјер, во 57. минута ја врати предноста на домаќините по убавата асистенција од Немања Матиќ, пред Бруно Фернандеш од пенал во 75. минута да ја запечати победата.
Јунајтед се втори со 49 поени, колку што има и третопласираниот Лестер, но дури 10 зад Манчестер сити на врвот на табелата. Њукасл, пак, се само седумнаесетти со 25 поени, само три пред Фулам на местото кое води во Чемпионшип.