Официјалниот ТикТок акаунт на Манчестер јунајтед не се воздржа и реши да ги „трола“ градските ривали Манчестер сити за контроверзниот израмнувачки гол во саботното дерби.
Јунајтед се вратија за 2:1 победа на полиот „Олд Трафорд“, но најмногу внимание предивика израмнувачкиот гол на Бруно Фернандеш, кога по додавањето на Касемиро, Маркус Рашфорд, кој беше во офсајд позиција само трчаше покрај топката, за Бруно Фернандеш потоа да ја прифати и да го совлада Едерсон. Сити протестираа кај судијата Стујарт Атвел бидејќи позиционирањето на Рашфорд требаше да се смета како за попречување на одбраната на Сити, односно голот требаше да биде поништен поради офсајд.
Сега, со видео од голот, фокусирани на Рашфорд, Манчестер јунајтед го „измиксаа“ со хитот на Ем Си Хамер, „Can’t Touch This“ (буквално – не можеш да го допреш ова).
@manutd Can’t touch it 👀 #UnitedOnTikTok #MUFC #ManUtd #PremierLeague #MarcusRashford #Rashford ♬ original sound – Pickle