Top Sport

Јунајтед со порака: Нема слободно тренерско место во клубот

Манчестер јунајтед и покрај тоа што дел од навивачите сметаат дека е потребно да се смени Оле Гунар Солскјер, им пратиле порака на сите агенти и менаџери дека во клубот нема да има слободно тренерско место во блиска иднина.

Според „Дејли мејл“, по медиумскиот притисок кон 48-годишниот Солскјер по падот на шестото место на табелата во Премиерлигата, повеќе агенти се јавиле во клубот за да помогнат во потрагата за нов менаџер, но им била дадена порака дека такво нешто не е потребно.

Дали ова ќе се смени по напорните неколку недели за Јунајтед останува да се види. По денешното дерби со Ливерпул, „ѓаволите“ гостуваат кај Тотенхем, па патуваат во Аталанта во ЛШ, за четири дена подоцна да ги пречекаат дома градските ривали Манчестер сити.

Scroll to Top