Top Sport

Бекам ќе биде заштитно лице на Катар 2022 во договор вреден 150 милиони фунти

Дејвид Бекам следниот месец ќе биде презентиран како официјално заштитно лице на Светското првенство во Катар во 2022 година во договор вреден 150 милиони фунти, тврди британскиот таблоид „Сан“.

Легендата на Манчестер јунајтед и поранешен англиски капитен ќе добива по 15 милиони фунти годишно следната деценија за да стане глобален амбасадор на Катар, откако овој месец бил во Доха каде што имал посета на стадионите за Мундијалот и се сретнал со главните луѓе на блискоисточната земја, која беше критикувана поради човековите права и правата на работниците на стадионите за Мундијалот.

Бекам има врски со Катар од времето кога беше фудбалер на Пари Сен-Жермен, и ќе биде задолжен за промовирање на туризмот и културата на земјата, и се надева дека фудбалот ќе биде можност Катар да се промовира на запад.

Scroll to Top