Top Sport

Јунајтед со „последна“ понуда за Де Јонг, подготвени да му ги исплатат платите кои му ги должи Барса!

Манчестер јунајтед се подготвени за „последна“ понуда за Френки де Јонг од Барселона, во обид да го убедат Холанѓнецот да премине на „Олд Трафорд“, тврди каталонскиот „Спорт“.

Де Јонг е првата желба на новиот менаџер на „ѓаволите“, Ерик Тен Хаг, но досега на зделката (која наводно веќе е договорена со Барселона) се спротиставува самиот фудбалер, кој постојано изјавува дека Барселона е неговиот клуб од соништата.

Од друга страна, тука се финансиските проблеми на Барселона, која беше екстремно активна на пазарот на играчи и се под притисок да продадат дел од фудбалерите, или да им ги намалат платите за да придржуваат до правилата на шпанската Ла лига. Претседателот на клубот, Жоан Лапорта, неодамна најави дека Де Јонг останува нивни фудбалер, но дека финансиската ситуација ја „знаат сите во клубот“.

Според „Спорт“, Јунајтед губат нерви и подготвени се за последна понуда со која би го направиле Де Јонг најдоброплатен фудбалер во нивниот тим, а во исто време се подготвени да ги платат 19-те милиони евра кои Барселона му ги должи во неисплатени плати.

Scroll to Top