Манчестер јунајтед се подготвени во јануари да го донесат Кристијан Ериксен откако во текот на летото беа исфрустрирани со неговата желба да замине во Реал Мадрид и „пропаѓањето“ на оваа операција, тврди британскиот „Сан“.
27-годишниот Данец веднаш по поразот во финалето на ЛШ од Ливерпул изјави дека сака „нов предизвик“ во кариерата, што во Тотенхем беше протолкувано како барање за трансфер. Меѓутоа, посакуваниот трансфер во Реал Мадрид не се оствари, и сега според „Сан“, Оле Гунар Солскјер смета дека Ериксен може да биде вистинско решение за креативноста во средината на теренот.
Јунајтед биле подготвени да дадат до 70 милиони фунти за фудбалерот од средниот ред, но тој бил фокусиран на трансфер во Шпанија. Договорот на Ериксен со Тотенхем завршува во текот на летото, и претседателот на клубот, Даниел Леви сигурно нема да дозволи тој да замине на слободен трансфер, иако сумата ќе биде сигурно пониска од тие 70 милиони фунти.