Top Sport

Јунајтед водеше, Баркли спречи пораз на Челси (Видео)

Челси и Манчестер јунајтед одиграа драматично дерби кое заврши без победник 2:2. Челси имаше предност, потоа Марсијал со два гола направи пресврт, а бод за „сините“ обезбеди Баркли со голот во 96.минута.

Рос Баркли не му дозволи на Манчестер јунајтед кого го предводи Жозе Мурињо, инаку најуспешниот тренер во историјата на Челси, да го забележи првиот триумф на „Стенфорд Бриџ“ уште од 2012 година.

Челси играше добро во првиот дел, а за таквата игра „сините“ беа наградени со еден гол. Антонио Ридигер го совлада Де Хеа во 21. минута. Јунајтед играше поактивно во второто полувреме, кога успеа да направи пресврт со головите на Марсијал. Повремениот француски репрезентативец го совлада Кепа Аризабалага најпрвин во 55., а потоа и во 73.минута.

Во самиот финиш, во 96.минута, по една голема мешаница Баркли го постави конечниот резултат. Израмнувачкиот гол мина во сенка на инцидентот што се случи крај теренот, бидејќи Мурињо испровоциран од дофрлањата од еден човек од струшниот штаб на Челси тргна физички да се пресмета со него.

Челси и по девет кола остана непоразен во Премиер лигата. „Сините“ имаат 21 бод. Од друга страна има седум бода помалку.

Scroll to Top