Top Sport

Јунајтед за (не)реална цена го продава Мегваер

Хари Мегваер е еден од четворицата фудбалери на кои тренерот Ерик Тен Хаг им соопштил дека нема да смета на нив во наредната сезона. покрај Мегваер на таа листа се Скот Мектоминеј, Фред и Џејдон Санчо.

Мегваер минатата сезона настапи на 31 натпревар за Манчестер Јунајтед, но на на теренот мина само 1599 минути.

Дефанзивецот за кого Јунајтед плати речиси 90 милиони евра, поради грешките и лошата фрома го загуби местото во тимот од Рафаел варан и Лисандро Мартинез.

Тен Хаг побара Мегваер да биде продаден, но како сега стојат работите тој и наредната сезона ќе остане на „Олд Трафорд“. Причина за тоа е оштетат која ја постави клубот.

Манчестер Јунајтед за Мегваер бара 50 милиони фунти.

Интерес за англискиот репрезентативец покажа Астон Вила, а медиумите го поврзуваат со неколку италијански екипи.

Scroll to Top