Top Sport

„Марка“: Бернардо преферира трансфер во ПСЖ

Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва би можел да ја продолжи кариерата во Пари Сен Жермен, пренесува шпанска „Марка“.

Шпанските медиуми потсетуваат дека Силва има договор со Манчестер Сити до јуни 2025 година, но негов приоритет е да го напушти актуелниот англиски и европски првак.

Силва (28) кариерата ја започна во Бенфика, а потоа играше за Монако пред да се приклучи на Манчестер Сити во 2017 година.

Португалскиот фудбалер минатата сезона одигра 55 натпревари и постигна седум гола за во сите натпреварувања, а со клубот од Манчестер ги освои Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА Купот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека трансферот на Силва во ПСЖ би изнесувал околу 80 милиони евра.

Scroll to Top