Top Sport

Јунајтед заинтересирани за младиот Медина од Ленс

Манчестер јунајтед се подготвени да дадат понуда од 11 милиони фунти за младиот централен бек на Ленс, Факундо Медина, по што би го оставиле 21-годишниот Аргентинец во францускиот клуб до крајот на сезоната.

Медина пристигна во Лига 1 од аргентинскиот Талјерес минатото лето за 3 милиони евра, но според француските медиуми, Манчестер јунајтед се многу заинтересирани да го официјализираат трансферот овој месец, со што би се продолжила политиката на ангажирање на млади фудбалери од страна на Оле Гунар Солскјер.

Медина, иако има 21 години, е цврст и способен со топката, а веќе го доби и првиот повик во аргентинската репрезентација, дебитирајќи против Боливија на 13 октомври како замена за Лаутаро Мартинез. Тој има 11 настапи за новиот прволигаш Ленс и еден постигнат гол, а би можел да го следи примерот на Рафаел Варан, кој се „калеше“ во Ленс пред да замине во Реал Мадрид во 2011.

Scroll to Top