Top Sport

Јунакот на Шериф: Лани работев во општина и косев трева на стадион!

Фудбалерот од Луксембург, Себастијан Тил беше јунакот на сензационалната синоќешна победа на Шериф Тираспол на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид (1:2). Тој со прекрасен удар од 20-тина метри во 90 минута му донесе победа на својот тим – инаку дебитант во Лигата на шампионите.

Ден по мечот, 27-годишниот фудбалер изнесе интересни детали од неговиот живот. Го прашаа и дали го размени дресот со некоја од ѕвездите на Реал:

„Не, грчеви ме убија, не можев да станам од тревникот. Морам да кажам дека играчите на Реал беа коректни, нормално се однесуваа, не беа арогантни. Во текот на мечот зборував со Модриќ, зборувавме за натпреварот и за судиските одлуки“ вели Тил.

Тој раскажува дека пред една година играл фудбал аматерски за клуб од средината на табелата во Луксембург. Службено – се уште е дел од тој клуб, а сега е на позајмица во молдавскиот шампион.

„На почетокот на минатата сезона се уште бев во Луксембруг, играв за Прогрес Нидеркорн. Го одиграв првото коло и тогаш прејдов во Тамбов во Русија, па во Тираспол. Пред тоа покрај фудбалот одев на работа, бев вработен во општина, но ја косев и тревата, собирав гранки и листови на стадионот „Јос Хуперт“ каде играв во неделите. Тоа искуство ме доведе во посебна врска со фудбалскиот терен, секогаш ги проучувам пред натпреварите“ вели фудбалерот за кој денеска пишуваат сите светски медиуми, а неговиот гол се врти на телевизиските шпици.

Scroll to Top