Top Sport

Бонучи за Роналдо: Тој ни требаше нас исто колку и ние него!

Кристијано Роналдо го напушти Јуве по 3 години поминати во Торино. Иако „Старата дама“ го донесе играчот со најмногу настапи во ЛШ за да го освојат елитното натпреварување, сепак не успеаја во намерата.

Петкратниот шампион на Европа кој е најдобар стрелец и асистент во ЛШ не успеа да го донесе Јуве до пехарот.
Дефанзивецот во Јувентус, Леонардо Бонучи со свој став зошто тимот не успеа во намерата.

„Се работеше на идеја за еден играч, дури и најдобриот во светот, дека може да ја гарантира победата. Присутноста на Кристијано влијаеше на нас. Само тренинзите со него ни даваа нешто повеќе, но во потствеста играчите почнаа да мислат дека тоа што тој е тука е доволно за победа на мечевите. Почнавме да потфрламе во работата, во жртвувањето, во желбата да бидеме тука еден за друг секој ден. Мислам дека тоа можеше да се види. Како да се подразбираше дека за наша победа доволно е топката да ја додадеме до Роналдо, но тој ни требаше нас колку и ние него. Екипата е таа од која излегува поединецот, дури и оној кој е најдобар во светот“ порача Бонучи.

Scroll to Top