Top Sport

Куман призна дека има клаузула за да стане тренер на Барса

Роналд Куман потврди дека во неговиот договор со холандската репрезентација постои клаузула која му дозволува следното лето да стане тренер на Барселона, но вели дека планира да ја води репрезентацијата на ЕП следната година.

Ернесто Валверде повторно се наоѓа под притисок на „Ноу Камп“, откако повторно загубија во саботата (3:1 од Леванте) и шпанскиот печат тврди дека Куман е омилениот кандидат меѓу фудбалерите.

„Клаузулата е само за Барселона и само за момент по Европското првенство. Не заминувам сега, тоа е сигурно. По ЕП има момент за проценка на сработеното, а можеби националната федерација нема да биде задоволна од мене и ќе имам шанса да замнам. Но, во клаузулата има еден клуб“, вели Куман.

Тој помина шест сезони како фудбалер на Барселона, освојувајќи четири титули и една круна од Лигата на шампионите, постигнувајќи го победничкиот гол против Сампдорија во финалето. 56-годишниот Холанѓанец во 1998 се врати во Барса како помошник тренер.

Scroll to Top