Јувентус ќе барат 9 милиони фунти од Манчестер јунајтед за хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ во јануари, тврди британскиот „Дејли мејл“, откако Оле Гунар Солскјер смета на 33-годишниот ветеран како на привремено решение во нападот по заминувањето на Ромелу Лукаку и Алексис Санчез во текот на летото.
„Ѓаволите“ се обиделе да го добијат Манџукиќ и во текот на летото, но не успеале да се договорат со Јуве и со фудбалерот.
Во ситуација кога вистински напаѓачи во тимот се само Маркус Рашфорд, Антони Марсијал и 17-годишниот Мејсон Гринвуд, Солскјер смета дека е потребен барем уште еден напаѓач во тимот. Јунајтед имаат потигнато само осум гола во Премиер лигата оваа сезона, од кои четири дојдоа во првиот меч од сезоната и 4:0 победата над Челси.
Манџукиќ, кој има плата од околу 4.5 милиони фунти годишно, преговараше со катарскиот клуб Ал-Рајан, но не успеа да склучи договор. Хрватот има 44 гола во 162 меча за Јувентус, но оваа сезона е изоставен од тимот на Маурицио Сари.