Таткото на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Никола Милинковиќ вели дека Јувентус е совршен клуб за него, откако голем број на европски гиганти сакаат да го земат талентот на Лацио.
23-годишниот Милинковиќ-Савиќ според проценките вреди над 100 милиони евра, а за него се заинтересирани Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Јувентус, кои би биле совршен тим ако се прашува таткото на фудбалерот.
„Јас многупати му кажав дека Јувентус ќе биде совршен клуб за него, идеална дестинација. Во Торино има престижен клуб кој доминира подолго време и таму може да стане зрел играч. Со колеги како Пауло Дибала, Даглас Коста и сличните, може да го освои скудетото“, вели Никола Милинковиќ во интервју за италијанскиот весник „Тутоспорт“.
СМС не крие дека е голем навивач на Реал Мадрид, посебно бидејќи неговиот татко играше професионален фудбал во Шпанија додека тој растеше, играјќи за Леида.