Top Sport

„Грчкиот ѕвер“ со глава го нокаутираше Вагнер, го очекува казна

Актуелниот МВП на НБА лигата, грчката ѕвезда на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо доби исклучување во првото полувреме против Вашингтон визардс по ударот со глава над Мориц Вагнер во втората четвртина.

Адетокумбо го заврши мечот со 12 поени и 9 скока во 10 минути, а Милвоки на крајот стигна до 126:113 победа. Ова беше четвртото искучување во кариерата за Адетокумбо, за кое веднаш се извини.

„Лошо. Кога би можел да се вратам, не би го направил тоа. Но, сите сме луѓе и правиме грешки. Во текот на мојата кариера се трудам да ја заддржам концентрацијата и да се фокусирам на играта, но грешки се прават. Немам ништо против Вагнер, не беше тој виновен. Се загубив на момент“, вели Адетокумбо.

Милвоки веќе го обезбедија првото носителско место на Источната конференција, а со победата прекинаа низа од два порази.

Scroll to Top