Јувентус направи голем чекор кон одбраната на титулата во Серија А, откако во дербито против Милан беше поуспешен со 3:1 за да се одвои на четири поени од Наполи на само осум кола до крајот на сезоната во Серија А.
Мечот беше неизвесен до самиот финиш, кога со два брзи кола, „бјанконерите“ покажаа дека во моментов се далеку подобар тим од Милан и заслужено стигнаа до трите поени.
Пауло Дибала уште во осмата минута донесе водство за домаќините, меѓутоа тимот на Џенаро Гатузо израмни во 28. минута преку поранешниот играч на Јувентус, Леонардо Бонучи. Со овој резултат се отиде на полувреме, но тој беше активен сѐ до 79. минута од мечот.
Тогаш Хуан Квадрадо го совлада Џиџио Донарума за водство на Јуве, за во 87. минута Сами Кедира да го постави конечниот резултат, 3:1 за тимот на Макс Алегри.
Фото: ЕПА