Top Sport

Јуве го прегази и Лацио

Јувентус ја продолжи победничката низа во Серија А и се смести на третата позиција на табелата со 33 бода. „Старата дама“ вечерва го совлада Лацио со 3:0 и ако се гледа според формата можеби и жали што сега ќе следи голема пауза поради Светското првенство во Катар.

Тимот на Масимилијано Алегри го надигра Лацио и сосема заслужено стигна до трите бода. Моисе Кин беше двоен стрелец, го отвори резултатот во 43.минута, а потоа погоди и во 54.минута за водство од 2:0.

Третиот гол беше дело на Аркадиуш Милик во завршницата од дуелот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');