Top Sport

Марсеј го имаше конечниот збор во Монте Карло

Олимпик Марсеј дојде до драматична победа на гости кај Монако (2:3) со гол постигнат во седмата минута од судиското продолжение. Стрелец беше Сеад Колашинац. Со овој триуф, тимот на Игор Тудор се смести на четвртото место на табелата со 30 бода.

Алексис Санчез во 35. минута со одлично изведен слободен удар донесе водство за гостите, а израмни Бен Једер од пенал пред одморот.

Кевин Фоланд во 72.минута направи пресврт за Монако, но конечниот збор сепак го имаше Олимпик Марсеј. Џордан Верето во 83.минута се погрижи за ново израмнување, а Колашинац беше побрз од последната судиска свирка за конечни 2:3.

Scroll to Top