Top Sport

Јуве го сака Жесус од Сити, цената му е меѓу 60 и 80 милиони евра

„Старата дама“ од Торино се обидува да го искористи комплексниот период во кој се наоѓа англискиот фудбалски шампион, Манчестер Сити откако УЕФА се закани со исфрлање на екипата од ЛШ поради кршење на финансискиот фер-плеј.

Италијански „Тутоспорт“ пишува дека првакот Јувентус се подготвува летоска да го ангажира голгетерот на „граѓаните“, Габриел Жесус. Наводно, 22-годишниот бразилски фудбалер е првата мета на Јуве, а Сити го проценува помеѓу 60 и 80 милиони евра.

Жесус сезонава постигна 16 гола надополнети со 9 асистенции, а неговиот договор со клубот од Манчестер истекува во 2023 година. Тој веќе три години е член на клубот од „Итихад“.

Управата на Јувентус смета дека со неговиот ангажман би добила решение за центарфорската позиција за следните десетина години.

Засега се уште виси информацијата дека Сити ќе биде исфрлен од ЛШ без право на настап во Европа во следните две сезони.

Scroll to Top