Top Sport

Мерцедес и Ферари потфрлија, Перез од Рејсинг Поинт најбрз на „Каталуња“

Продолжуваат претсезонските тестирања на болидите во Формула 1 на патеката „Каталуња“ во Барселона.

На вториот ден најбрз на патеката во Шпанија беше возачот на Рејсинг Поинт, Мексиканецот Серхио Перез кој кругот го помина за 1:17.347.

Второто место му припадна на Даниел Рикардо кој зад воланот на Рено беше побавен за 4 десетинки. Помалку од секунда заостанување имаа и Александер Албон, Пјер Гасли, Џорџ Расел и Шарл Леклер.

На вториот ден на патеката излегоа 13 возачи.

Интересен податок е тоа што пилотите на Мерцедес потфрлија, а неможе да се пофали со добро возење ниту Себастијан Фетел од Ферари, за кого денешното беше прво појавување.

Scroll to Top