Top Sport

Одбрана против Роналдо – нека го задржат уште на француска граница!

Лион и Јувентус идната среда ќе го играат првиот осминафинален дуел во ЛШ, а тренерот на француската екипа, Руди Гарсија добро го познава италијанскиот шампион затоа што од 2013 до 2016 година ја водеше Рома и беше во директна борба за Скудетото со торинскиот клуб.

Сега повторно со својата екипа за противик за има „Старата дама“, и тоа со Кристијано Роналдо како дел од Јуве.

Новинарите во Франција ги интересира како Гарсија се подготвува за одбрана против Португалецот.

„Како да го задржиме? Би морао да го задржат уште на француска граница, или, пак, би можел да одлучи дека не му се допаѓа Лион и дека не сака да игра тука“ – се пошегува Гарсија.

Сепак ја откри силата на целиот тим на Јувентус.

„Бескорисно би било ако му се посветиме само нему, тогаш ќе им оставиме простор на Дибала и Игуаин. Ова е предизвик, вистинска битка, а тоа нас не мотивира“ – смета стратегот на Лион.

Сепак, во францускиот тим ќе недостасува Мемфис Депај.

„Тој е нашиот Роналдо, па замислете го Јувентус без Кристијано Роналдо. Ги видовте ли Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд? И тие добро се бранеа, тоа е вистина. Ја чуваа топката на свој начин, ако амо се браниш, ќе загубиш“ – смета Гарсија.

Scroll to Top