Top Sport

Јуве го сакаат Жорди Алба веќе во јануари

Откако во текот на летото го одби трансферот во Интер, ветеранот на Барселона, Жорди Алба сепак ќе заврши во Италија, но во Јувентус во јануари, тврдат шпанските медиуми.

„Бјанконерите“ имаа лош старт на сезоната со само две победи во првите седум меча и се надеваат дека со неколку засилувања во зимскиот преоден рок да го поправат тимот. Во моментов на позицијата на лев бек ги имаат неубедливите Алекс Сандро, Данило и Матија ди Шиљо, така што според каталонскиот „Спорт“ веќе размислуваат за трансфер на 33-годишниот Алба, кој пак, има само еден старт под Чави Ернандез во новата сезона.

Барселона се подготвени за договор за позајмица, за да ја „префрлат“ неговта плата во двете сезони кои му преостануваат со актуелниот договор.

Scroll to Top