Top Sport

Касилјас демантира дека е во врска со Шакира, која неодамна се раздели од Жерард Пике!

Легендарниот поранешен голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас преку социјалните мрежи ги демантираше шпекулациите во шпанските медиуми дека е во врска со Шакира, поранешната сопруга на неговиот соиграч од шпанската репрезентација, Жерард Пике.

Самиот Касилјас неодамна се разведе од новинарката Сара Карбонеро, по што шпанските таблоиди забележаа дека 41-годишниот поранешен голман почнал на Инстаграм да ја следи Шакира по што реагираше со порака „Допри си го носот“ на социјалните мрежи.

Шакира и Пике ја потврдија разделбата во јуни по 12 години заедно, период во кој имаа два сина – деветгодишниот Милан и седумгодишниот Саша по шпекулациите дека 35-годишниот Пике, кој е 10 години помлад од пејачката, ја изневерувал со повеќе жени. Касилјас, инаку, има две деца со поранешната сопруга Карбонеро.

Scroll to Top