Top Sport

Потер смирен и покрај големите „потреси“ во Челси

Новиот менаџер на Челси, Греем Потер вели дека не му е проблем да работи и покрај големите промени во клубот, каде што новите американски газди продолжуваат со деталните промени по купувањето на клубот од Роман Абрамович.

Покрај тоа што потрошија над 250 милиони фунти во летниот преоден рок, новите газди го отпуштија германскиот тренер Томас Тухел, а си заминаа и спортските и техничките директори, како и дел од медицинскиот тим. Потер, кој утре првпат ќе ги предводи „сините“ во меч од Премиерлигата (против Кристал палас) по неубедливото 1:1 реми со Ред бул Салцбург во Лигата на шампионите, останува смирен.

„Првата работа што ќе ја кажам дека промените се добри, лоши и се предизвик, сите тие работи заедно. Поважно е како ќе се справиш со нив, како ќе работиш. Сите знаат што се случи со сопственичкиот состав на тимот, со нов тренер, со нови луѓе. Тоа е дел од животот. Ресурсите и историјата не ви гарантираат ништо во оваа лига. Има многу клубови кои потрошија многу пари и не ги остварија посакуваните цели. Не можам да ја сменам перцепцијат на луѓето, туку само да се фокусирам на следниот меч и на следниот тренинг“, вели Потер.

Scroll to Top