Top Sport

Јуве го заддржаа Мората на уште една сезона

Јувентус потврдија дека го продолжуваат договорот за позајмица за Алваро Мората со Атлетико Мадрид, што значи дека шпанскиот напаѓач останува во Торино до јуни 2022 со опција за откуп на договорот.

Мората пристигна на „Алијанц стадионот“ со едногодишна позајмица за 10 милиони евра со опција да биде купен во јуни 2021 за 45 милиони евра, или да се продолжи позајмицата за дополнителни 10 милиони евра со опција за купување за 35 милиони евра следното лето.

Мората имаше 20 гола и 12 асистенции во 44 меча за Јувентус оваа сезона, од кои 11 гола беа во Серија А.

Scroll to Top