Италијанските медиуми најавуваат дека Јувентус во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе голманот на Милан Џиџи Донарума.
Јувентус и во минатото покажувал интерес за италијанскиот репрезентативец, меѓутоа Донарума беше прескап.
Во Торино сега имаат дополнителен адут за да го реализираат посакуваниот трансфер. Според медиумите Јувентус би платил одредена сума и во Милано би го испратил Федерико Бернардески. Засега не се наведува сумата која Јувентус ќе ја понуди, но се шпекулира дека таа ќе биде клучна за реализација на трансферот.