Јувентус се подготвени да понудат 30 милиони евра плус еден играч за да го добијат Мануел Локатели, откако неговата цена порасна по фантастичниот настап на ЕУРО 2020 и според италијанските клубови заинтересирани се уште четири клубови од Премиер лигата.
Локатели, кој излезе од фудбалската академија на Милан, постигна два гола при 3:0 победата над Швајцарија, и тоа само потврди дека е високо на листата на желби во Јувентус. Сасуоло бараат 40 милиони евра за него, но цената може да порасне до 60 милиони евра по ЕУРО.
Јувентус долго време преговараат за него и подготвени се да ја кренат понудата од 25 милиони на 30 милиони евра и да додадат еден од фудбалерите накои не сметаат – Николо Ровела, Николо Фаџоли или Раду Драгусин. Според италијанските медиуми интерес за Локатели има од Челси, Манчестер јунајтед, Тотенхем и Арсенал.