Top Sport

Јуве на Атлетико им го понудил Даглас Коста

Јувентус ќе се обидат да го искористат Даглас Коста за евентуална размена со Атлетико Мадрид. Во Торино биле заинтересирани за Томас Парти и Стефан Савиќ, тврдат италијанските медиуми.

Бразилецот Даглас Коста не е во преден план кај Маурицио Сари, најмногу поради тоа што има проблеми со повредите. Него Јувентус ќе се обидат да дојдат до еден од двајцата играчи на Атлетико.

Според медиумите на Апенините доколку тимовите се договорат Савиќ да се пресели во Торино, а Коста во Мадрид, бидејќи Томас Парти посакувал трансфер во Арсенал.

Челниците на Јувентус сметале дека реалната цена на пазарот за Даглас Коста е 50 милиони евра и поради тоа го нудат за еден од двајцата играчи на Атлетико.

Scroll to Top