Top Sport

Треба да биде лидер – Тејтум ќе добие максимален договор

Бостон Селктикс наверојатно ќе му понудат максимален договор на својот играч Џејсон Тејтум. Селтикс во 2017 година о добија Тејтум веднаш по драфтот од Филаделфија. Тогаш Селтикс го избраа како прв пик Маркел Фулц и веднаш го проследија во Филаделфија во замена за Тејтум.

Трејдот што го направија до 2017 година се покажа како пол погодок. Тетјтум стана еден од најдобрите играчи на Селтикс, додека Фулц кој ја пропушти првата сезона повеќе нее во Филалделфија.

„Бостон сакаат Тејтум да стане голема ѕвезда и лидер на нивната франшиза. Тој ќе го носи товарот и ќе се обиде да му ја врати старата слава на Бостон како тшо тоа некогаш го правеа Пол Писр, Кевин Гарнет, а да не зборувам за Лери Бирд и останатите. Тејтум е ѕвезда, Бостон го знае тоа“, рекол новинарот Брајан Виндхрост.

Џејсон Тејтум оваа сезона има просек од 23,5 поени, 7 скока и 2,9 асистенции по натпревар.

Scroll to Top