Јувентус тврдат дека Паоло Дибала не е на продажба, иако медиумите шпекулираат дека за него интерес за него покажуваат ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Интер. Последната шпекулација поврзана со Дибала говори дека и Тотенхем сакаат да го видат во своите редови.
„Ла Стампа“ објави дека претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, за Аргентинецот на Јувентус им понудил 50 милиони евра. Во Торино ваквата понудата за Ла Хоја ја протолкувале како понижувачка.
Доколку сакаат да го донесат Дибала, од Тотенхем ќе мора да понудат многу повеќе пари.
Инаку, Аргентинецот кој има договор со Јувентусдо јуни 2022 година, според „Трансфермаркт“ вреди 85 милиони евра.