Top Sport

Јуве по седум години се ослободи од Пјаца, Хрватот потпиша за Риека!

Марко Пјаца по седум години официјално не е играч на Јувентус, откако го комплетираше трансферот во Ријека и се врати во хрватскиот шаампионт.

Пјаца во 2016 година пристигна во Јуве за речиси 30 милиони евра со репутација на еден од најталентираните млади фудбалери во Европа, но престојот во Италија беше одбележан со повреди. Тој прво ја скрши ногата во октомври 2016 година, за во 2017 да ги скине лигаментите на коленото, повреда која ја повтори и во 2019. Пјаца вкупно одигра 21 меч за Јувентус, а играше на позајмица во Џенова, Торино, Фиорентина, Емполи, Шалке и Андерлехт.

„Многу среќа во новата авантура, Марко“, му напишаа од Јувентус.

Scroll to Top