Top Sport

Регилон на позајмица во Јунајтед: Подготвен сум да се борам за клубот

Манчестер јунајтед ја потврдија позајмицата на шпанскиот лев бек, Серхи Регилон од Тотенхем, кој треба да ги пополни „дупките“ во обраната на тимот на Ерик Тен Хаг по повредите за Лук Шо и Тајрел Маласија.

Спарс го купија Регилон во 2020 и имаше 67 настапи за клубот, но минатата сезона исто така беше на позајмица во Атлетико Мадрид.

„Во животот треба да бидеш подготвен за се и шансата да се претставува голем клуб со славна историја беше предобра да се пропушти. Знам што бара од мене менаџерот и подготвен сум да помогнам на клубот. Знам дека можам да имам добра сезона со Манчестер јунајтед и дека можам да ги покажам квалитетите“, вели Регилон.

Scroll to Top