Јувентус се подготвени да му дадат продолжување на договорот на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ и покрај тоа што беа подготвени да го продадат во текот на летниот преоден рок, јавува „Ла газета дело спорт“.
„Бјанконерите“ би му понудиле едногодишно продолжување на договорот, со што Влаховиќ би останал на „Алијанц“ стадионот барем до 2027 година. Влаховиќ премина во Јуве од Фиорентин во јануари 2022 година, но беше поврзуван со „трампа“ за Ромелу Лукаку со Челси, но двата клуба не успеаја да се договорат и Лукаку на крајот заврши во Рома на позајмица.
Влаховиќ имаше солиден старт на новата сезона со два гола и една асистенција во првите три кола од новата сезона. Според „Газета“, Влаховиќ би добил зголемување на платата од 7 милиони евра годишно на 10 милиони евра по сезона.