Top Sport

Јуве потврди – и Матуиди има корона вирус

Јувентус потврдија дека Блез Матуиди е втор нивни фудбалер кој е позитивен на корона вирусот по Даниеле Ругани.

„Блез Матуиди беше на медицински тестови кои покажаа позитивен тест на КОВИД-19. Фудбалерот од 11 март е во домашна изолација и продолжува да се следи неговата здравствена состојба. Тој е добро и нема симптоми“, се вели во соопштението на Јувентус.

Матуиди, кој следниот месец полни 33 години, неодамна го продолжи договорот со Јувентус до јуни 2021. Тој има 31 настап за клубот оваа сезона, еден гол и две асистенции.

Ругани беше првиот фудбалер во Серија А со позитивен тест на 11 март, по што 121 членови на Јувентус влегоа во изолација.

Веднаш по него позитивен беше Маноло Габијадини од Сампдорија, а потоа и неговите соиграчи Мортен Торсби, Антонино ла Гумина, Албин Екдал, Фабио Депаоли и Бартош Бережински. Фиорентина исто така има позитивни тестови – Душан Влаховиќ, Патрик Кутроне и Херман Пецелја заедно со два члена на медицинскиот тим.

Scroll to Top