Top Sport

Втора трагедија за Мејведер – почина неговиот ментор и чичко Роџер

Флојд Мејведер Јуниор доживеа втора лична трагедија во период од една недела, откако почина неговиот чичко Роџер Мејведер, човекот кој имаше клучна улога во неговата кариера. Роџер имаше само 58 години.

Минатата недела мртва во нејзиниот автомобил беше пронајдена Џози Херис, долгогодишната девојка на Мејведер, со која тој има три деца.

Поранешниот боксер Роџер Мејведер, кој се повлече од спортот во 1999 година, страдаше од дијабетес и од други болести.

Тој беше клучен човек во кариерата на својот внук, станувајќи негов тренер при професионалното деби во 1996 година, сè додека неговиот татко Флојд Сениор не беше пуштен од затвор две години подоцна. Флојд се обедини со Роџер во 2000 и потоа 12 години работеа заедно промовирајќи го Флојд во еден од најдобрите боксери без разлика на категоријата во историјата на спортот.

Поранешната сопруга на Мејведер пронајдена мртва во автомобил!

Scroll to Top