Top Sport

Јуве потврди: Роналдо се врати на тренинзи

Јувентус потврдија дека Кристијано Роналдо се вратил на тренинзи во средата, еден ден откако се врати во Португалија да ја посети неговата мајка Долорес Авеиро во болница откако таа доби мозочен удар.

65-годишната Марија Долорес дос Сантос Авеиро била на итна операција во клиниката во Мадеира, по што Јувентус му дозволија на Роналдо итно да замине дома, а самиот фудбалер се јави преку Твитер објавувајќи дека неговата мајка е во стабилна состојба благодарејќи на поддршката која ја добил.

Авеиро, која е мајка на четири деца, претходно имаше битка со рак на дојката и беше на операција во 2007 година, по што Роналдо донираше повеќе од 100.000 евра на болницата каде што таа беше оперирана. Роналдо има две постари сестри Елма и Лилијана Катија и брат Хуго. Тие останаа без својот татко Хозе Динис во 2005, откако тој почина од болест на црниот дроб по битката со алкохолизмот.

Јувентус требаше да играат со Милан во вториот меч од полуфиналето на Копа Италија вечерва, но мечот е одложен, а следен на распоредот е гостувањето кај Болоња во недела.

Scroll to Top