Top Sport

Нови контроверзи со Зозулија – Украинецот се извинуваше за хомофобните изјави

Напаѓачот на шпанскиот второлигаш Албасете, Украинецот Роман Зозулија предизвика нови контроверзи по хомофобна изјава за украинските медиуми, откако претходно повеќе пати беше обвинуван дека е нео-нацист.

Во декември 2019 година, дуелот меѓу Албасете и Рајо Валјекано беше прекинат на полувреме откако навивачите на Рајо извикуваа кон Зозулија „Еб.н нацист“. Зозлулија беше дел од Рајо, но не заигра на ниту еден меч по протестот на нивните навивачи за наводната припадност кон екстремна десничарска група во неговата татковина.

Сега, нов проблем е изјавата на 30-годишниот Зозулија за украински медиуми дека наскоро ќе почнат да го викаат „Еб.н морикон“. Морикон е навредлив збор за хомосексуалец во Шпанија. Тој мораше да извини по инсистирање на неговиот клуб.

„За жал, не се изразив најдобро во интервјуто. Затоа, се извинувам на соиграчите и на Албасете, и на луѓето кои се навредија од моите зборови. Не ми беше цел да понижувам никого, но ги слушам често тие зборови на фудбалските терени. Секој го избира својот пат и начинот на живот кој го води и никогаш не сум бил против тоа“, изјави Зозулија.

Тој имаше 23 настапи за Албасете оваа сезона и постигна 3 гола.

Зозулија: Не сум фашист, туку само украински патриот кој сака мирен живот

Scroll to Top