Адриен Рабио пристигна во Торино, каде што во понеделник наутро ќе го помине медицинскиот тест, пред да потпише четиригодишен договор со Јувентус, потврдија и од италијанскиот шампион.
Договорот бил склучен оваа недела, но бјанконерите се решија да почекаат до крајот на договорот на Рабио со Пари Сен-Жермен, кој истекува вечерва во 12 часот. Рабио беше посакуван и од Манчестер јунајтед и од Барселона ,а во Франција се појавија вести дека ПСЖ му понудиле нов договор, но на крајот тој ќе биде соиграч со Кристијано Роналдо во Јуве.
Се верува дека тој ќе добие четиригодишен договор вреден 7 милиони евра, плус 10 милиони бонус за потпишување на договорот.
Се очекува во понеделник Јуве да го потврдат и доаѓањето на капитенот на Ајакс Матијс де Лихт, кој ќе чини 67 милиони евра плус 13 милиони евра во разни бонуси. Лука Пелегрини пак, го комплетираше својот медицински тест денеска, откако дојде со 10 милиони евра плус од Рома во замена за Леонардо Спинацола.
? @Adriien_Rabiiot è arrivato a Torino! pic.twitter.com/mzMDoAIfdd
— JuventusFC (@juventusfc) June 30, 2019