Top Sport

Формула 1 ја „укина“ летната пауза

Формула 1 тимовите ќе ја добијат својата „летна пауза“ во периодот од март до април, наместо од јули до август за да се отвори простор за повеќе трки во текот на летото, потврдија од Светската автомобилистичка федерација (ФИА).

Поради пандемијата на корона вирусот се откажаа барем првите четири трки од сезоната (Австралија, Бахреин, Кина и Виетнам), а постојат големи сомнежи дека следни ќе бидат и Холандското ГП, Шпанското ГП и Монако ГП, по што шефовите сакаат во текот на летото да ги надополнат трките.

„Поради глобалниот импакт на КОВИД-19 корона вирусот, Светскиот моторспорт совет (ВМСЦ) на ФИА одобри летната пауза од јули и август да се премести во март и април и да трае 21 ден наместо досегашните 14. Сите тимови мораат да се придружуваат на периодот од 21 без работа во своите фабрики“, се вели во соопштението на ФИА.

Scroll to Top