Top Sport

Јуве сакал да го купи Мората, ама понудил недоволно

Јувентус се обидел да го купи Алваро Мората од Атлетико Мадрид, но понудата е одбиена како недоволна. Напаѓачот последните две сезони ги мина на позајмица во Торино, а во договорот имаше клаузула според која ова лето италијанскиот клуб има право да го задржи за 35 милиони евра. Сепак, „бјанконерите“ сметаат дека оваа сума е превисока и затоа понудија 20 милиони, но добија негативен одговор.

Јувентус веќе му плати на Атлетико Мадрид 20 милиони евра за позајмица во изминатите две сезони.

За шпанскиот репрезентативец е заинтересирана и Барселона, иако таму приоритет е ангажманот на Роберт Левандовски.

Scroll to Top