Top Sport

Тухел ги сака Жул Кунде и Лаутаро Мартинез на „Стемфорд бриџ“

Челси во новата сезона ќе влезе реновиран, особено во одбраната, каде ќе видиме многу нови лица. Тухел веќе подготви нацрт за нова одбранбена линија со оглед дека заминуваат Кристенсен, Рудигер, Алонсо и капитенот на Аспиликуета.

Според англиските медиуми, прво засилување би требало да биде Жул Кунде, Французинот од Севилја, кој ќе ги чини „сините“ околу 50 милиони евра. Постигнат е договор со играчот, клубовите се уште преговараат, Андалузијците се обидуваат да земат некој милион повеќе, но никој не се сомнева дека ќе се постигне договор.

Тијаго Силва ќе го продолжи договорот на уште една година, а цел на Челси е Јошко Гвардиол од Лајпциг. Една од опциите е да се врати Емерсон Палмиери кој би му бил поддршка на закрепнатиот Чилвел по левата аут линија.

Повторно се споменува Деклан Рајс, кој по потреба би можел да биде и стопер, а веруваат дека би можел да направи рекорден трансфер од Вест Хем.

Во нападот многумина веруваат дека Интер би се согласил да го замени Лаутаро Мартинез за Ромелу Лукаку, но пречка секако е огромната плата на Белгиецот. Тој би морал да се откаже од најмалку пет милиони евра годишно за да се врати во Милано.

Тухел цели и на еден од слободните агенти, Осман Дембеле од Барселона, кој експлодираше под негово водство во Борусија Дортмунд.

Scroll to Top