Top Sport

Јуве се намачи со Каљари, Џенова извлече реми со Аталанта

Јувентус стигна до тешка 2:0 победа над Каљари за да се искачи на петтото место на табелата со 9 поени заостанување зад лидерот Интер со четвртата победа во последните пет меча со кои се стабилизира кризата во тимот.

Џенова на Андриј Шевченко, пак, по четири деморализирачки порази во низа, одиграа 0:0 со силната Аталанта на „Луиџи Ферарис“, во меч во кој Горан Пандев влезе како замена во последните 15-тина минути од мечот.

Моисе Кин го постигна првиот гол во Торино во 40. минута од мечот за удар кој не можеше да се одбрани за враќање на самодоверба во тимот на Макс Алегри. Федерико Бернардески во 83. минута стави точка на секоја надеж за камбек на гостите од Сардинија.

СЕРИЈА А, 19.КОЛО

Јувентус – Каљари 2:0

Џенова – Аталанта 0:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top