Top Sport

Нкетија со хет-трик, Арсенал во полуфиналето на Лига купот

Арсенал со 5:1 го декласираше третолигашот Сандерленд предводени од хет-трикот на 22-годишниот Еди Нкетија за да влезат во полуфиналето на англискиот Лига куп (Карабао купот), вистинска шанса оваа година „топчиите“ да се борат за трофеј по лошиот старт на сезоната.

Нкетија ја отвори серијата голови во 17. минута, за десет минути подоцна Никола Пепе да зголеми на 2:0. Сандерленд намали на 2:1 само четири минути подоцна, но Нкетија со два гола, во 49. и 58. минута ја осигура победата на тимот на Микел Артета, пред 18-годишниот Чарли Патино во 91. минута да ги постави конечните 5:1.

Scroll to Top