Јувентус и официјално го потврдија едногодишниот договор на аргентинскиот ветеран Анхел ди Марија, додека Фиорентина го доби „бесплатно“ српскиот напаѓач Лука Јовиќ, откако Реал Мадрид ги „раскинаа“ врските со него.
34-годишниот Ди Марија ќе биде краткотрајно решение во нападот на тимот на Макс Алегри, откако минатата сезона имаше 5 гола и 8 асистенции во 26 настапи за Пари Сен-Жермен, кои не му го продолжија договорот. Ди Марија треба да биде „покритие“ во клубот во периодот во кој Федерико Киеза ја продолжува долгата рехабилитација по повредата.
Фиорентина, пак, потпиша двегодишен договор со 24-годишниот Јовиќ со можност за продолжување на уште две сезони, ако Србинот успее да ја врати кариерата на вистински пат по фијаското кај „кралевите“. Реал Мадрид му исплатија на Јовиќ 5 милиони евра за раскинување на договорот, но трансферот во Фиорентина има клаузула со која „кралевите“ би добиле 50 отсто од секој следен трансфер. Јовиќ пристигна во Реал од Ајнтрахт Франкфурт во јули 2019 со репутација на фантастичен напаѓач, но имаше само 3 гола и 5 асистенции во 51 настап за клубот од „Бернабеу“.
Angel Di Maria è un giocatore della Juventus ⚪⚫?#WelcomeAngel
— JuventusFC (@juventusfc) July 8, 2022
Luka Jovic è Viola ?
? Comunicato ufficiale ?#ForzaViola #Fiorentina #ACFFiorentinahttps://t.co/g2jK9LqVy4
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) July 8, 2022