Кризата во Манчестер јунајтед очигледно уште не е завршена, по поразот од 0:1 од Јувентус на „Олд Трафорд“, во кој повеќе „болеше“ очајната игра отколку резултатот, додека Реал Мадрид по пауза од пет меча, конечно, победи, со неубедливи 2:1 против Викторија.
Голот на Пауло Дибала беше доволен „бјанконерите“ да стигнат до третата победа во третиот меч во ЛШ, а кам-бекот на Кристијано Роналдо не беше „зачинет“ со гол, туку само со апсолутна доминација на гостите на теренот на кој еднаш се плашеа да дојдат и најсилните европски екипи.
Хулен Лопетеги пак, може да здивне. Реал Мадрид останува на првото место во својата група по 2:1 победата над чешкиот клуб од градот на пивото, Плзен, откако Карим Бензема и Марсело го кренаа „кралскиот тим“.
Хофенхајм и Лион го одиграа најинтересниот меч на вечерта, со шест гола (3:3), додека Манчестер сити се „прошета“ во Украина со 3:0 победа, ист резултат со кој Рома го победи тимот на ЦСКА Москва.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО
ГРУПА Е
Ајакс – Бенфика 1:0
Табела: 1.Ајакс 7, 2.Баерн 7, 3.Бенфика 3, 4.АЕК 0
ГРУПА Ф
Хофенхајм – Лион 3:3
Шахтјор Доњецк – Манчестер сити 0:3
Табела: 1.Манчестер с. 5, 3.Лион 5, 3.Хофенхајм 2, 4.Шахтјор 2
ГРУПА Г
Рома – ЦСКА Москва 3:0
Реал Мадрид – Викторија Плзен 2:1
Табела: 1.Реал М. 6, 2.Рома 6, 3.ЦСКА 4, 4.Викторија 1
ГРУПА Х
Манчестер јунајтед – Јувентус 0:1
Табела: 1.Јувентус 9, 2.Манчестер ј. 4, 3.Валенсија 2, 4.Јанг Бојс 1