Top Sport

Јуве со пенал до победа кај Лацио (видео)

Кристијано Роналдо со гол од пенал во 89. минута извлече 2:1 победа на Јувентус на тешкото гостување кај Лацио, за да осигура Јувентус да остане на 11 поени пред второпласираниот Наполи во Серија А по 21 коло.

Во првото полувреме, Лацио доминираше во играта, приморувајќи една очајна одбрана на Војчех Шчесни, и едно вадење од гол-линијата на Ругани. Чиро Имобиле мислеше дека ја смести топката во мрежата во 43. минута, но Даниел Ругани ја извади од гол-линијата.

Домаќините дојдоа во водство во 59. минута откако Емре Џан ја уфрли топката во сопствената мрежа по нафрлањето во шестнаесетникот. Кога се мислеше дека Лацио сигурно ќе ги освои трите поени, на сцена стапи замената Жоао Кансело, кој по лоша интервенција на Стракоша ја смести топката во мрежата.

Но, тука не беше крајот на маките на Лацио. Сенад Лулиќ, кој направи фаул во шестнаесетникот во 88. минута и Кристијано Роналдо од белата точка не му даде шанси на Стракоша да реагира.

Со победата, Јуве има 59 поени на врвот на табелата, 11 повеќе од Наполи, додека Лацио останува на осмото место со 32 поени, исто колку и седмопласираната Аталанта.

Фото: ЕПА

Scroll to Top